Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци за воспитно-образовниот процес во основното и во средното образование што се добиени од редовните годишни статистички истражувања спроведени на крајот на учебната 2016/2017 година во сите основни и средни училишта.
Публикацијата содржи податоци за бројот на основните училишта (редовни, специјални, за возрасни и за основните уметнички училишта), нивната работа во смени, паралелки, ученици по пол и според припадноста кон етничка заедница, ученици според постигнатиот успех, ученици кои завршиле училиште, како и податоци за кујни и библиотеки во училиштата.
Освен тоа, презентирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, националноста, степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници.
Кај средните училишта (редовни и специјални), покрај бројот на училиштата, се презентираат и податоци за
паралелките, учениците по пол и според припадноста кон етничка заедница, струката, успехот, како и податоци за
завршените ученици според времетраењето на образовните програми, податоци за наставниците според видот на
работниот однос, националната припадност, како и податоци за стручните работници.
Публикацијата содржи и податоци за воспитно-образовниот процес во основното и во средното образование што
се изведува на македонски, албански, турски, српски и бошњачки јазик.
Најновите податоци од оваа публикација се достапни во МакСтат база на податоци.
Ова е последно издание на публикацијата „Основни и средни училишта на крајот на учебната година, 2016/2017“. Најновите податоци се на располагање во МакСтат базата на податоци.