Инвестиции во основни средства,
2012
Овој Статистички преглед содржи податоци за вредноста на реализираните инвестиции во основни средства во 2012 година, како и податоци за серија на години. Презентираните податоци се однесуваат на инвестициите во основни средства според намената на вложувањата, техничката структура и видот на инвестициите. Во прегледот се дадени и податоци за инвестициите во основни средства според обликот на сопственост, институционалните сектори и пресметката на машини и опрема според методот на стоковни текови. Податоците по општини се дадени во согласност со територијалната организација усвоена со Законот за територијална организација на локалната самоуправа на Република Македонија: за инвестициите на правните субјекти од сите облици на сопственост, според намената на вложувањата, техничката структура и видот на сопственост. Со цел полесно користење на податоците, дадени се и објаснувања за методолошките основи и карактеристиките на основните податоци и категории. Методологијата користена при пресметката на инвестициите во основни средства е во согласност со препораките на СНС '93 и ЕСС '95 надополнети со промените од СНС 2008 и ЕСА 2010.
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика