Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Патувања на домашното население, 2016

 


Анкетата за патувања на домашното население е истражување што Државниот завод за статистика го
спроведува периодично, на пет години, во согласност со Програмата за статистички истражувања 2013-2017
(„Службен весник на Република Македонија“, бр.20/2013, 24/2014, 13/2015, 07/2016 и 50/2017).
Истражувањето е спроведено во согласност со методолошките препораки на Светската туристичка
организација, Евростат и Обединетите нации за статистика на туризмот. Со истражувањето беа опфатени 2 634
анкетирани лица во вкупно 773 домаќинства.
Во оваа публикација се прикажани податоци за патувањето и потрошувачката за туристички цели на
домашното население во текот на 2016 година, како важни индикатори за пресметка на туристичката потрошувачка.
Податоците презентирани во оваа публикација се споредливи со претходно објавените.
Во публикацијата се презентирани податоци за службени патувања, еднодневни излети, повеќедневни
престои и годишни одмори. Податоците се публикувани на ниво на Република Македонија - вкупно и одделно за
реализираните патувања во земјата и во странство.
Распоредувањето на анкетираните лица и на трошоците е извршено според социјалните белези и возраста,
според целта на патувањето, видот на сообраќајното средство, големината на приходите и слично. Податоците од
ова истражување беа поврзани со оние од Анкетата за потрошувачката на домаќинствата.


           
Датум на издавање: 29.09.2017
PDF:   Преземи ја публикацијата  0.54Mb
Excel:    Преземи табели
   
Број на страници: 55
ISBN:
ISSN:
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

 

 

 


© Државен завод за статистика