25 години НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА,
Државниот завод за статистика со оваа публикација се придружува кон прославувањето на 25-годишнината на независна Република Македонија, во којашто преку бројки се отсликува периодот полн со промени, подеми и предизвици, голем ентузијазам и желба за напредок на сите полиња на општествено-политичкиот и економскиот живот на земјата. Чекорејќи кон европското семејство на статистичари, Државниот завод за статистика во овој период помина низ големи трансформации - во примената на нови методологии, употребата на нови технологии, нови начини за презентирање и достапност на податоците, сѐ со цел на корисниците и на носителите на одлуки во општеството да им се дадат навремени, точни, квалитетни, релевантни и споредливи податоци. И сето тоа со релативно мал број на вработени, посветени кон осигурувањето на зацртаните цели чијшто придонес и заслуга е денешната македонска статистика - огледало на целокупниот живот во Република Македонија. Со задоволство ја препорачуваме за користење оваа јубилејна публикација, надевајќи се дека ќе ги задоволи интересите на корисниците и очекувајќи повратни коментари, предлози, сугестии и забелешки што ќе ни помогнат секоја наредна публикација да биде сѐ подобра.
Датум на издавање: |
07.09.2016 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
5.8Mb
|
|
|
|
|
Број на страници: |
43 |
ISBN: |
978-608-227-239-9 |
ISSN: |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика