Природно движење на населението,
2018
23.07.2019
Почитувани корисници,
Поради откриена грешка во табелата Т.28: Живородени деца според припадноста кон етничка заедница на мајката, местото на раѓање и укажаната стручна помош, направена е корекција во збирот за град Скопје.
Во оваа публикација се презентирани основните статистички податоци за природното движење на населението во Република Северна Македонија за 2018 година и споредбени показатели за периодот 1994 – 2018 година. Во согласност со меѓународните стандарди, а и заради задоволување на потребите на корисниците од квалитетни податоци, Државниот завод за статистика почнувајќи од 2004 година, применува нова методологија за прикажување на податоците за виталните настани земајќи ги предвид само настаните случени во Република Северна Македонија. Содржината на прегледот е дефинирана врз основа на анализирањето на искажаните потреби на корисниците на статистички показатели за природното движење на населението во Република Северна Македонија, а, пред сè, во областа на здравството, социјалната заштита, образованието и науката. Посебен интерес за овие податоци имаат органите на државната управа и органите на единиците на локалната самоуправа заради нивното користење при утврдувањето и водењето на развојната политика.
Датум на издавање: |
19.07.2019 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.26Mb
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
114 |
ISBN: |
978-608-227-319-8 |
ISSN: |
/ |
Јазик: |
македонски и англиски |
Коригирана верзија од 23.07.2019
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика