Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Процени на населението на 30.06.2011 и 31.12.2011 според полот и возраста , по општини и по статистички региони (НТЕС 3 - 2007 година), 2011

 


Во оваа публикација се презентирани процените на населението на 30.06.2011 и на 31.12.2011 година, по пол
и по возраст, на национално и на општинско ниво и според статистички региони, на ниво НТЕС 3. Во согласност со
Законот за територијалната организација на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република
Македонија”, бр. 55/2004), во Република Македонија има 84 општини (единици на локална самоуправа), а во
согласност со важечката класификација НТЕС (“Службен весник на Република Македонија”, бр 158/2007), Република
Македонија на третото НТЕС ниво е поделена на осум статистички региони: Вардарски, Источен, Југозападен,
Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен, Скопски.
Податоците на национално ниво се по поединечни години на возраст и по петгодишни возрасни групи, додека
податоците на општинско ниво и според статистички региони се по петгодишни возрасни групи.
Обликот и содржината на табелите и графиконите содржани во публикацијата овозможуваат комплетен
аналитички приод во користењето на податоците, а континуираното изработување и публикување на процените
на населението и за следните години ќе овозможи и временско следење и анализирање на податоците за
населението.
Се надеваме дека оваа публикација ќе биде прифатена од корисниците на демографски податоци и дека ќе
биде масовно користена, како од научните работници, така и од преостанатите корисници. Секоја добронамерна
сугестија што ќе овозможи подобрување на квалитетот на содржината и поцелосно задоволување на потребите на
корисниците ќе биде добредојдена и прифатена со задоволство.


           
Датум на издавање: 23.7.2012
PDF:   Преземи ја публикацијата 876KB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 69
ISBN: 978-608-227-080-7
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика