Процени на населението на 30.06.2012 и 31.12.2012 според полот и возраста, по општини и по статистички региони : (НТЕС 3-2007 година),
Во оваа публикација се презентирани процените на населението на 30.06. 2012 и на 31.12. 2012 година, по пол и по возраст, на национално и на општинско ниво и според статистички региони, на ниво НТЕС 3. Во согласност со Законот за територијалната организација на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 55/2004), во Република Македонија има 84 општини (единици на локална самоуправа), а во согласност со важечката класификација НТЕС (“Службен весник на Република Македонија”, бр 158/2007), Република Македонија на третото НТЕС ниво е поделена на осум статистички региони: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен, Скопски. Податоците на национално ниво се по поединечни години на возраст и по петгодишни возрасни групи, додека податоците на општинско ниво и според статистички региони се по петгодишни возрасни групи. Обликот и содржината на табелите и графиконите содржани во публикацијата овозможуваат комплетен аналитички приод во користењето на податоците, а континуираното изработување и публикување на процените на населението и за следните години ќе овозможи и временско следење и анализирање на податоците за населението.
|
Датум на издавање: |
22.7.2013 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
825Kb
|
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
69 |
|
ISBN: |
978-608-227-115-6 |
|
ISSN: |
|
|
Јазик: |
македонски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика