Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Процени на населението на 30.06.2013 и 31.12.2013 според полот и возраста, по општини и по статистички региони (НТЕС 3-2007 година),

 


Во оваа публикација се презентирани процените на населението на 30.06. 2013 и на 31.12. 2013 година, по пол и по возраст, на национално и на општинско ниво и според статистички региони, на ниво НТЕС 3. Во согласност со Законот за територијалната организација на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 55/2004), во Република Македонија има 84 општини (единици на локална самоуправа), а во согласност со важечката класификација НТЕС (“Службен весник на Република Македонија”, бр 158/2007), Република Македонија на третото НТЕС ниво е поделена на осум статистички региони: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен, Скопски.

Податоците на национално ниво се по поединечни години на возраст и по петгодишни возрасни групи, додека податоците на општинско ниво и според статистички региони се по петгодишни возрасни групи.

Обликот и содржината на табелите и графиконите содржани во публикацијата овозможуваат комплетен аналитички приод во користењето на податоците, а континуираното изработување и публикување на процените на населението и за следните години ќе овозможи и временско следење и анализирање на податоците за населението.

Се надеваме дека оваа публикација ќе биде прифатена од корисниците на демографски податоци и дека ќе биде масовно користена, како од научните работници, така и од преостанатите корисници. Секоја добронамерна сугестија што ќе овозможи подобрување на квалитетот на содржината и поцелосно задоволување на потребите на корисниците ќе биде добредојдена и прифатена со задоволство.


           
Датум на издавање: 21.7.2014
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.81MB
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 69
ISBN: 978-608-227-153-8
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика