Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Процени на населението според полот и возраста, по општини и по статистички региони (НТЕС3-2007 година), 30.06.2014 и 31.12.2014

 


Во оваа публикација се презентирани процените на населението на 30.06. 2014 и на 31.12.2014 година, по пол и по возраст, на национално и на општинско ниво и според статистички региони, на ниво НТЕС 3.

Во согласност со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија („Сл. весник на РМ“ бр.55/2004, 12/2005 и 10/2014), во Република Македонија има 80 општини (единици на локална самоуправа), а општините Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица стануваат дел од општина Кичево.

Во согласност со важечката класификација НТЕС („Службен весник на Република Македонија“ бр 158/2007), Република Македонија на третото НТЕС ниво е поделена на осум статистички региони: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен, Скопски.

Податоците на национално ниво се по поединечни години на возраст и по петгодишни возрасни групи, додека податоците на општинско ниво и според статистички региони се по петгодишни возрасни групи.

Обликот и содржината на табелите и графиконите содржани во публикацијата овозможуваат комплетен аналитички приод во користењето на податоците, а континуираното изработување и публикување на процените на населението и за следните години ќе овозможи и временско следење и анализирање на податоците за населението.


           
Датум на издавање: 15.7.2015
PDF:   Преземи ја публикацијата 677KB
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 66
ISBN: 978-608-227-188-0
ISSN:
Јазик: македонски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика