Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Градежништвото во Република Македонија, 2006 - 2010

 


Во согласност со својата пракса, Државниот завод за статистика го објавува овој Статистички преглед за состојбата во градежништвото во Република Македонија.

За периодот од 2006 до 2010 година, опфатена е состојбата на станбената изградба и тоа: изградени, незавршени и урнати станови.

За 2009 и 2010 година, презентирана е состојбата на изградба на сите видови објекти во Република Македонија, вредноста на тие објекти, вредноста на потрошениот градежен и погонски материјал при изградбата на објектите и вкупната вредност на извршените и договорените градежни работи во странство.

Податоците кои се обработени во овој Статистички преглед се добиени врз основа на редовните истражувања од областа на градежната статистика, а од 1999 година се применува новата Номенклатура на градежни објекти и градежни работи којашто во делот за градежни објекти е изработена врз основа на Класификацијата на видовите градежни објекти (Classifcation of Types of Constructions) во издание на Евростат, август 1997 година, а во делот за градежни работи, врз основа на европската Статистичка класификација на производи според активноста (Statistical Classifcations of Products by Activity) во издание на Евростат од 1996 година.

Табелите во овој Статистички преглед кои ја опфаќаат изградбата на становите и извршувањето на градежните работи по видови на градба, се претставени на ниво на општини и статистички региони, во согласност со Номенклатурата на територијални единици за статистика (НТЕС) за Република Македонија, усвоена во 2007 година.

Статистичкиот преглед произлезе како резултат на согледувањата на потребите на корисниците и сметаме дека ќе ги задоволи нивните барања и потреби од податоци.

Заради споредливост на податоците, а и заради барањата на овие податоци од странство, Прегледот е даден на македонски и на англиски јазик.


           
Датум на издавање: 27.9.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.97MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 28
ISBN: 978-608-227-044-9
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 400 денари


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика