Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Стоковна размена на Република Македонија со странство, 2009

 


Публикацијата „Стоковна размена на Република Македонија со странство” е редовна годишна публикација што се подготвува во Државниот завод за статистика. Оваа публикација се однесува на движењето на стоковната размена со странство во 2009 година.

Државниот завод за статистика ги применува основните статистички стандарди, дефиниции и препораки на статистичката служба на ООН, хармонизирани со стандардите, дефинициите и препораките на статистичкиот уред на Европската унија - Еуростат во следењето и обработката на стоковната размена со странство, со што е овозможена меѓународна споредливоста на податоците. Особено висок степен на хармонизација е постигнат со воведувањето на Единствениот царински документ, примената на методолошките правила кои се однесуваат на единицата, времето и територијата на набљудување, земјата-партнер, евиденцијата на вредноста и количествата, како и во примената на меѓународните класификации и номенклатури како што се: Стандардната меѓународна трговска класификација-СМТК-рев.4, Хармонизираниот систем на називи и шифри на стоки-HS, Класификацијата според основните економски категории BEC, Номенклатурата на земји според ISO-Code Alpha-2.


           
Датум на издавање: 12.8.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.14MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 151
ISBN: 978-608-227-033-3
ISSN: 1409-8342
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 2000 денари


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
  Надворешна трговија, 2014 (НТ)
 


© Државен завод за статистика