Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Стоковна размена на Република Македонија со странство, 2010

 


Публикацијата “Стоковна размена на Република Македонија со странство“ е редовна годишна публикација што се
подготвува во Државниот завод за статистика. Оваа публикација се однесува на движењето на стоковната размена со странство  во 2010 година.
Државниот завод за статистика ги применува основните статистички стандарди, дефиниции и препораки на статистичката  служба на ООН, хармонизирани со стандардите, дефинициите и препораките на статистичкиот уред на Европската унија -  Евростат во следењето и обработката на стоковната размена со странство, со што е овозможена меѓународна споредливост  на податоците. Особено висок степен на хармонизација е постигнат со воведувањето на Единствениот царински документ,
примената на методолошките правила што се однесуваат на единицата, времето и територијата на набљудување, земјата-  партнер, евиденцијата на вредноста и количествата, како и во примената на меѓународните класификации и номенклатури  како што се: Стандардната меѓународна трговска класификација - СМТК - 4-та ревизија, Хармонизираниот систем на називи и  шифри на стоки - HS, Класификацијата според основните економски категории BEC, Номенклатурата на земји според ISO-Code  Alpha-2.


           
Датум на издавање: 13.7.2012
PDF:   Преземи ја публикацијата 1,26 MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 165
ISBN: 978-608-227-079-1
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
  Надворешна трговија, 2014 (НТ)
 


© Државен завод за статистика