Стоковна размена на Република Македонија со странство,
2012
Почитувани корисници, Публикацијата „Стоковна размена на Република Македонија со странство“ е редовна годишна публикација што се подготвува во Државниот завод за статистика. Оваа публикација се однесува на движењето на стоковната размена со странство во 2012 година.
Државниот завод за статистика ги применува основните статистички стандарди, дефиниции и препораки на статистичката служба на ООН, хармонизирани со стандардите, дефинициите и препораките на статистичкиот уред на Европската унија - Евростат во следењето и обработката на стоковната размена со странство, со што е овозможена меѓународна споредливост на податоците. Особено висок степен на хармонизација е постигнат со воведувањето на Единствениот царински документ, примената на методолошките правила што се однесуваат на единицата, времето и територијата на набљудување, земјата- партнер, евиденцијата на вредноста и количествата, како и во примената на меѓународните класификации и номенклатури како што се: Стандардната меѓународна трговска класификација-СМТК - 4-та ревизија, Хармонизираниот систем на називи и шифри на стоки - HS, Класификацијата според основните економски категории BEC,Номенклатурата на земји според ISO-Code Alpha-2.
Очекуваме дека податоците во публикацијата и начинот на нивната презентација на корисниците ќе им овозможат да ја анализираат состојбата во надворешно-трговската размена на Република Македонија на полесен начин.
Сите забелешки и сугестии од корисниците на податоците ќе бидат добредојдени.
|
Датум на издавање: |
20.6.2014 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.62MB
|
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
151 |
|
ISBN: |
978-608-227-145-3 |
|
ISSN: |
1409-8342 |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика