Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Туризам, 2005 - 2009

 


"Туризам во Република Македонија, 2005-2009" е публикација што редовно годишно се подготвува во Државниот завод за статистика. Последната публикација се однесува на движењата во туризмот во периодот 2004-2008 година.

Во оваа публикација се презентирани податоците од редовното месечно истражување ТУ.11 со кое се прибираат податоци за бројот на туристите и бројот на ноќевањата од сите деловни субјекти кои даваат услуги за сместување од областа на угостителството и другите дејности. Тоа значи дека во бројот на туристите и ноќевањата се вклучени и податоците од приватните капацитети за сместување преку податоците од туристичките бироа, како и од другите единици за сместување.

За првпат во 2008 година се воведе статистичко следење на објектите за сместување според бројот на ѕвездички. Категоризацијата на објектите со ѕвездички не може да се поврзе по автоматизам со категоризацијата со која претходно се следеа објектите и поради тоа има прекин во годишните серии на податоци.

Во публикацијата се дадени податоци за бројот на туристите и ноќевањата по години и по месеци, по видови места и видови и категории деловни единици, по земја на припадност на туристите, како и податоци за капацитетите за сместување. Исто така, дадени се и споредбени податоци со 2005 како базна година.


           
Датум на издавање: 08.7.2010
PDF:   Преземи ја публикацијата 466KB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 38
ISBN: 978-9989-197-89-5
ISSN: 1857-5196
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 400 денари


 

 

 

 


© Државен завод за статистика