Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија,
2012
Во Статистичкиот преглед бр. 4.4.13.01(747) “Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2012 година” се презентирани систематизирани податоци добиени од статистичкото истражување “Анкета за потрошувачката на домаќинствата” спроведено во 2012 година кои, според наша оценка, можат да послужат за анализа на животниот стандард на домаќинствата во Република Македонија. Прегледот претставува продолжение на истата публикација објавена за 2011 година.
Во публикацијата се објавуваат податоци за: просечните расположливи средства според изворите, висината на употребените средства според намената на потрошувачката, висината на употребените парични средства, количествата на прехранбени и други артикли наменети за лична употреба, како и податоци за снабденоста на домаќинствата со некои поважни трајни добра.
Податоците се систематизирани за сите домаќинства вкупно и според социоекономските категории на домаќинствата: земјоделски, мешовити и неземјоделски.
Распоредувањето на домаќинствата во социоекономски категории овозможува согледување на постоечките разлики во нивото и структурата на личната потрошувачка на домаќинствата, како битна материјална компонента на животниот стандард на населението.
Податоците од оваа Анкета се користат и за изработка на линиите на сиромаштија за Република Македонија вкупно, по региони и по типови на домаќинства.
Освен тоа, податоците од Анкетата се користат и за изработка на пондерите за пресметка на индексот на трошоците на животот.
Во функција на полесно и правилно користење на податоците содржани во публикацијата, дадени се методолошки упатства и забелешки.
Државниот завод за статистика се надева дека публикацијата ќе ја исполни својата цел - на јавноста и на корисниците да им ги даде основните податоци за приходите и расходите на домаќинствата во дадениот период, а евентуалните забелешки и предлози за подобрување на изданието ќе ги прими со благодарност.
|
Датум на издавање: |
14.6.2013 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
932KB
|
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
119 |
|
ISBN: |
978-608-227-108-8 |
|
ISSN: |
1409-9004 |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика