Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Статистика на животна средина, 2011

 


Како редовно издание на Државниот завод за статистика, публикацијата се објавува на секои две години.

Основна функција на статистиката е преку статистички податоци да даде приказ на економските, социјалните и демографските појави во една држава.

Статистиката за животната средина со која располага Државниот завод за статистика опфаќа само определен сет на индикатори. Со цел да се добие посеопфатна слика за состојбите со животната средина во Република Македонија, Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, го подготви ова трето издание на публикацијата за животната средина.

Публикацијата содржи голем сет на индикатори за животната средина кои се расположливи во овие и во други институции во Република Македонија и со кои се прикажува квалитетот на медиумите на животната средина (вода, воздух, почва), еколошките проблеми (осиромашување на озонскиот слој и климатските промени, заштитата на животната средина и губењето на биолошката разновидност, создавањето на отпад и управувањето со него) и креирањето на секторските политики (индикатори поврзани со земјоделството, шумарството, туризмот и инструментите на политиката за заштита на животната средина).

Во иднина, Државниот завод за статистика планира да ја проширува опфатноста на статистичките индикатори за животната средина, со цел да се произведе извештај - слика на состојбата на животната средина, презентирана со квантитативни податоци добиени преку научно засновани мерења и анализи коишто упатуваат на изворите, причините, последиците и трендовите на конкретните состојби.


           
Датум на издавање: 30.12.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата 30.0MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 168
ISBN: 978-608-227-055-5
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика