Статистика на животна средина,
2015
Статистиката за животната средина со која располага Државниот завод за статистика опфаќа само определен сет на индикатори. Со цел да се добие посеопфатна слика за состојбите со животната средина во Република Македонија, Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, го подготви ова петто издание на публикацијата за животната средина. Публикацијата содржи голем сет на индикатори за животната средина кои се расположливи во овие и во други институции во Република Македонија и со кои се прикажува квалитетот на медиумите на животната средина (вода, воздух, почва), еколошките проблеми (осиромашување на озонскиот слој и климатските промени, заштитата на животната средина и губењето на биолошката разновидност, создавањето на отпад и управувањето со него) и креирањето на секторските политики (индикатори поврзани со земјоделството, шумарството, туризмот и инструментите на политиката за заштита на животната средина).
Датум на издавање: |
25.12.2015 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
9.2Mb
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
167 |
ISBN: |
978-608-227-212-2 |
ISSN: |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика