Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Жените и мажите во Македонија, 2013

 


Почитувани корисници, пред вас е шестото издание на публикацијата „Жените и мажите во Република Македонија“, подготвено врз основа на податоците кои Државниот завод за статистика ги прибира преку своите сè поразвиени родови статистики. Имајќи ја предвид содржината на претходните изданија, во ова издание се обидовме да го продолжиме континуитетот на објавените податоци, но и да презентираме нови содржини кои ќе ви овозможат да добиете слика за демографските карактеристики на жените и на мажите во Република Македонија, како и нивната застапеност во социјалниот и економскиот живот на земјата.

Презентираните индикатори од родовите статистики ни овозможуваат да го следиме процесот на воспоставување на еднаквите можности и еднаквиот третман на жените и на мажите во разни области од животот: образованието, вработувањето, правосудството, културата, социјалната заштита.

Се надеваме дека ова издание во голема мера ќе излезе во пресрет на вашите потреби од податоци за родовите статистики, кои ќе ви овозможат да ги реализирате вашите родови анализи или едноставно да ги добиете информациите поврзани со родовите статистики кои се од ваш интерес.


           
Датум на издавање: 20.06.2013
PDF:   Преземи ја публикацијата 11MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 131
ISBN: 978-608-227-074-6
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика