Жените и мажите во Северна Македонија,
2022
Пред вас е тринаесеттото издание на публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија“, подготвено врз основа на податоците кои Државниот завод за статистика ги прибира преку своите редовни статистички истражувања, но и податоци од други учесници во Националниот статистички систем. Имајќи ја предвид содржината на претходните изданија, во ова издание се обидовме да го продолжиме континуитетот на објавените податоци, но и да презентираме нови содржини кои ќе ви овозможат да добиете слика за демографските, образовните и економските карактеристики на жените и на мажите во Република Северна Македонија.
Презентираните индикатори од родовите статистики ни овозможуваат да го следиме процесот на воспоставување на еднакви можности и еднаков третман на жените и на мажите во разни области од животот: образованието, вработувањето, правосудството, социјалната заштита.
Датум на издавање: |
14.03.2023 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
106 |
ISBN: |
/ |
ISSN: |
/ |
Јазик: |
македонски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика