Пред вас е најновото издание на една од најстарите и највредни едиции на Државниот завод за статистика - Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија.
Прикажани на начин којшто на корисниците им го олеснува користењето, статистичките податоци од бројните статистички истражувања, пренесени во табели, графикони и мапи, овозможуваат добивање на јасна слика за демографските и социоекономските состојби во државата во 2020 година. Освен тоа, во публикацијата се дадени и временски серии преку кои во споменатите општествени сегменти можат да се следат и трендовите низ годините.
Севкупноста на статистичките податоци за состојбите во државата се потврдува и со презентираните статистички информации добиени од органите, организациите и институциите што го сочинуваат статистичкиот систем во Република Северна Македонија, а се координирани од Државниот завод за статистика како носител на официјалната статистика.
Истовремено, во публикацијата се прикажани и статистички податоци за земјите од Европа и пошироко што се споредени со податоците за Република Северна Македонија, со што се добива можност за стекнување на сознанија за демографскиот и социоекономскиот развој не само на државата, туку и на регионот, Европа и светот во глобала.
Определбата за веродостојна, објективна, квалитетна, навремена и достапна официјална статистика ја потврдуваме и со ова издание на Статистичкиот годишник. Со намера секое наредно издание да биде подобро од претходното, продолжуваме да инвестираме во човечките ресурси и во технологијата и ги очекуваме коментарите, забелешките, конструктивните критики и барањата на нашите корисници.
На тој начин, секој Статистички годишник ќе прерасне во наш заеднички успех, а со тоа станува и движечка сила за растот и развојот на Република Северна Македонија.
Животна средина и географија |
|
Население |
|
Здравство, социјални услови и култура |
|
Правосудство |
|
Образование и наука |
|
Пазар на трудот |
|
Приходи, потрошувачка и цени |
|
Национална економија и финансии |
|
Земјоделство |
|
Индустрија и енергија |
|
Деловни субјекти |
|
Надворешна трговија |
|
Транспорт, туризам и други услуги |
|
Одржлив развој |
|
Структурни деловни статистики |
|
Меѓународен преглед |
|