Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Издавачка дејност, 2013

 


Во овој преглед Државниот завод за статистика објавува податоци од областа на издавачката дејност во
Република Македонија во 2013 година.
Податоците се прибираат со редовните годишни истражувања за издадени книги и брошури, весници и
списанија.
Прегледот содржи основни информации за издавачката дејност (број на наслови, тираж, јазик на изданието
и на оригиналот, област на која ѝ припаѓа изданието, периодика на излегувањето за периодични публикации,
намена, вид на издавачот и друго).
Податоците се прикажани на ниво на Република Македонија, врз основа на добиените извештаи од
издавачите.
Државниот завод за статистика остварува мошне успешна соработка со европските статистички и други
институции, како и со статистичките служби на Обединетите нации, со што е овозможено прифаќање и постапна
примена и реализација на новите стандарди, класификации и методи за статистичките истражувања.
Книгите, брошурите и списанијата, според областа на делото, се класифицирани според Универзалната
децимална класификација што се користи во меѓународни рамки.
Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата функција и дека на корисниците ќе им даде доволно
статистички информации за понатамошни стручни и научни трудови.


           
Датум на издавање: 24.10.2014
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.2 Mb
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 42
ISBN: 978-608-227-160-6
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика