Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Запишани студенти во учебна година, 2009/2010

 


Државниот завод за статистика во овој Статистички преглед презентира податоци за запишаните студенти на факултетите и високите стручни школи во наставната 2009/2010 година, како и податоци за запишаните студенти во периодот 1959/60 до 2009/2010 година.

Во публикацијата е презентиран и дел за наставниот персонал (наставници и соработници) на факултетите и високите стручни школи во учебната 2009/2010 година.

Податоците се добиени врз основа на спроведените редовни годишни истражувања за запишани студенти и за наставниот персонал на факултетите и високите стручни школи. Со обработката на добиените извештаи се подготвени агрегирани податоци за повеќе белези и тоа:
  • за запишани студенти: годините на студирање на студентите, претходно завршената школска подготовка, возраста, изјаснувањето за припадност кон етничка заедница и државјанството, местото на постојано живеење итн.
  • за наставниот персонал: пол, возраст, припадност кон етничка заедница, научни квалификации и траење на работното време.


           
Датум на издавање: 16.09.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.09MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 127
ISBN: 978-608-227-040-1
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 450 денари


 

 

 

 


© Државен завод за статистика