Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Запишани студенти, 2010/2011

 


Државниот завод за статистика во овој Статистички преглед презентира податоци за запишаните студенти на факултетите и високите стручни школи во наставната 2010/2011 година, како и податоци за запишаните студенти во периодот 1959/60 до 2010/2011 година.
Во публикацијата е презентиран и дел за наставниот персонал (наставници и соработници) на факултетите и високите стручни школи во учебната 2010/2011 година.
Податоците се добиени врз основа на спроведените редовни годишни истражувања за запишани студенти и за наставниот персонал на факултетите и високите стручни школи. Со обработката на добиените извештаи се подготвени агрегирани податоци за повеќе белези и тоа:
- за запишани студенти: годините на студирање на студентите, претходно завршената школска подготовка, возраста,
изјаснувањето за припадност кон етничка заедница и државјанството, местото на постојано живеење итн.
- за наставниот персонал: пол, возраст, припадност кон етничка заедница, научни квалификации и траење на работното време.
Државниот завод за статистика се надева дека публикацијата ќе ја исполни својата основна улога и на корисниците ќе им понуди податоци за идни анализи и планирања.


           
Датум на издавање: 25.10.2013
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.34 Mb
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 145
ISBN: 978-608-227-122-4
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика