Запишани студенти во учебна година,
2011/2012
Државниот завод за статистика во овој Статистички преглед презентира податоци за запишаните студенти на факултетите и високите стручни школи во наставната 2011/2012 година, како и податоци за запишаните студенти во периодот 1959/60 до 2011/2012 година. Во публикацијата е презентиран и дел за наставниот персонал (наставници и соработници) на факултетите и високите стручни школи во учебната 2011/2012 година. Податоците се добиени врз основа на спроведените редовни годишни истражувања за запишани студенти и за наставниот персонал на факултетите и високите стручни школи. Со обработката на добиените извештаи се подготвени агрегирани податоци за повеќе белези и тоа: - за запишани студенти: годините на студирање на студентите, претходно завршената школска подготовка, возраста, изјаснувањето за припадност кон етничка заедница и државјанството, местото на постојано живеење итн. - за наставниот персонал: пол, возраст, припадност кон етничка заедница, научни квалификации и траење на работното време. Државниот завод за статистика се надева дека публикацијата ќе ја исполни својата основна улога и на корисниците ќе им понуди податоци за идни анализи и планирања.
|
Датум на издавање: |
13.11.2013 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.36Mb
|
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
155 |
|
ISBN: |
978-608-227-126-2 |
|
ISSN: |
|
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика