Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Запишани студенти на последипломски студии, 2009/2010

 


Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци за лицата запишани на последипломски студии за магистри и специјалисти во учебната 2009/2010 година и лицата што пријавиле докторска дисертација во 2009 година на високообразовните установи и јавните научни установи.

Според методологијата на истражувањата, опфатени се лица чиишто пријави за последипломски студии се прифатени на високообразовните установи и јавните научни установи.

Публикацијата содржи три дела: првиот, за запишани лица на студии за магистри, вториот, за запишани лица на студии за специјалисти и третиот, за лица запишани на докторски студии.

Статистичките податоци во оваа публикација се презентирани според повеќе белези: вид и локација на факултетите, возраст, пол, изјаснување за припадност кон етничка заедница, научна област на трудовите итн.

Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата функција, корисниците да добијат статистички информации за последипломските студии во Република Македонија.


           
Датум на издавање: 20.12.2010
PDF:   Преземи ја публикацијата 2.21MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 85
ISBN: 978-608-227-013-5
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика