Запишани студенти на последипломски студии,
2015/2016
Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци за лицата запишани на последипломски студии (магистерски, специјалистички и докторски) во академската 2015/2016 година на високообразовните установи и научните установи.
Според методологијата на истражувањата, опфатени се лица чиишто пријави за последипломски студии се прифатени на високообразовните установи и научните установи.
Публикацијата содржи три дела: првиот, за запишани лица на студии за магистри, вториот, за запишани лица на студии за специјалисти и третиот, за лица запишани на докторски студии.
Статистичките податоци во оваа публикација се презентирани според повеќе белези: вид и локација на факултетите, возраст, пол, изјаснување за припадност кон етничка заедница, научна област на трудовите итн.
Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата функција, корисниците да добијат статистички информации за последипломските студии во Република Македонија.
Датум на издавање: |
30.11.2016 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.06 MB
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
137 |
ISBN: |
978-608-227-250-4 |
ISSN: |
1409-8997 |
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика