Анкета за цената на трудот,
2008
Воспоставувањето на сеопфатен статистички информативен систем за пазарот на трудот е една од приоритетните развојни цели на Државниот завод за статистика.
Податоците за платите и останатите трошоци, земени како трошок на работодавецот за вработените, а не како примања на вработените, се едни од основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.
За да се обезбедат овие информации, се спроведува Анкетата за цената на трудот во Република Македонија.
Во публикацијата се објавени резултатите од оваа Анкета и се презентирани податоци за целокупните издатоци на работодавецот направени за вработените по одделни видови на издатоци и според видовите на сопственост (приватна и друга) кои, според наша оценка, можат корисно да послужат за анализа на одделни појави и прашања во областа на пазарот на трудот.
Содржината на публикацијата е презентирана во два дела. Во првиот дел се содржани концепциските, методолошките и организациските основи на Анкетата за цената на трудот. Целта е со методолошките објаснувања за некои поими и белези, за изворите на податоците и за опфатноста на истражувањето да се овозможи полесно и правилно користење на податоците содржани во оваа публикација. Вториот дел ги содржи дефинитивните резултати од оваа Анкета, презентирани во табели.
Датум на издавање: |
07.06.2010 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
606KB
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
65 |
ISBN: |
978-9989-197-95-6 |
ISSN: |
1409-8997 |
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
670 денари
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика