Анкета за цената на трудот,
2012
Воспоставувањето на сеопфатен статистички информативен систем за пазарот на трудот е една од приоритетните развојни цели на Државниот завод за статистика.
Податоците за платите и останатите трошоци, земени како трошок на работодавецот за вработените, а не како примања на вработените, се едни од основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.
За да се обезбедат овие информации, се спроведува Анкетата за цената на трудот во Република Македонија.
Во публикацијата се објавени резултатите од оваа Анкета и се презентирани податоци за целокупните издатоци на работодавецот направени за вработените по одделни видови на издатоци според сектори на дејност кои можат да послужат за анализа на одделни појави и прашања во областа на пазарот на трудот.
Содржината на публикацијата е презентирана во два дела.
Во првиот дел се содржани концепциските, методолошките и организациските основи на Анкетата за цената на трудот. Целта е со методолошките објаснувања за некои поими и белези, за изворите на податоците и за опфатноста на истражувањето да се овозможи полесно и правилно користење на податоците содржани во ова публикација.
Вториот дел ги содржи дефинитивните резултати од оваа Анкета, презентирани во табели.
Државниот завод за статистика се надева дека публикацијата ќе ја исполни својата улога, на јавноста и на корисниците да им овозможи согледување на основните податоци за вработените со исплатите и целокупните издатоци направени за нив за определен период, а евентуалните забелешки и предлози за подобрување на изданието ќе ги примиме со благодарност.
Датум на издавање: |
07.08.2014 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
944KB
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
76 |
ISBN: |
978-608-227-154-5 |
ISSN: |
1409-8997 |
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика