Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Научна и истражувачко-развојна дејност, 2008

 


Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци од областа на научната и истражувачко-развојната дејност во Република Македонија за 2008 година. Државниот завод за статистика секоја година го спроведува статистичкото истражување за научната и истражувачко-развојната дејност (НИРО).

Од 1998 година (податоци за 1997 година), методологијата на ова истражување е променета и е приспособена кон меѓународните дефиниции и стандарди, во согласност со упатството Фрасцати.

Промените што се извршени во истражувањето беа неопходни заради усогласувањето со методологијата на ОЕЦД - упатството Frascati, а со цел да се обезбедат податоци со поголема меѓународна споредливост.

Податоците се прикажани на ниво на државата, врз основа на добиените извештаи од јавните научни установи, истражувачките единици во деловните субјекти во областа на стопанството, јавните високообразовни установи, другите установи и заводи и деловни субјекти во областа на стопанството, нерегистрирани (според Законот за научно-истражувачката дејност) за истражувачко-развојна дејност.


           
Датум на издавање: 21.10.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата 990KB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 116
ISBN: 978-608-227-045-6
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 710 денари


 

 

 

 


© Државен завод за статистика