Научна и истражувачко-развојна дејност,
2009
Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци од областа на научната и истражувачко-развојната дејност во Република Македонија за 2009 година. Државниот завод за статистика секоја година го спроведува статистичкото истражување за научната и истражувачко-развојната дејност (НИРО).
Од 1998 година (податоци за 1997 година), методологијата на ова истражување е променета и е приспособена кон меѓународните дефиниции и стандарди, во согласност со упатството Frascati.
Промените што се извршени во истражувањето беа неопходни заради усогласувањето со методологијата на ОЕЦД - упатството Фрасцати, а со цел да се обезбедат податоци со поголема меѓународна споредливост.
Податоците се прикажани на ниво на државата, врз основа на добиените извештаи од јавните научни установи, истражувачките единици во деловните субјекти во областа на стопанството, јавните високообразовни установи, другите установи и заводи и деловни субјекти во областа на стопанството, нерегистрирани (според Законот за научно истражувачката дејност) за истражувачко-развојна дејност.
|
Датум на издавање: |
13.2.2012 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
986KB
|
|
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
115 |
|
ISBN: |
978-608-227-061-6 |
|
ISSN: |
|
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика