Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Научна и истражувачко-развојна дејност, 2013

 


Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци од областа на научната и истражувачко-развојната дејност во Република Македонија за 2013 година.

Државниот завод за статистика секоја година го спроведува статистичкото истражување за научната и истражувачко-развојната дејност (НИРО).

Од 1998 година (податоци за 1997 година), методологијата за ова истражување е променета и е приспособена кон меѓународните дефиниции и стандарди, во согласност со упатството Frascati.

Промените што се извршени во истражувањето беа неопходни заради усогласувањето со методологијата на OECD - упатството Frascati, а со цел да се обезбедат податоци со поголема меѓународна споредливост.

Податоците се прикажани на ниво на државата, врз основа на добиените извештаи од јавните научни установи,истражувачките единици во деловните субјекти во областа на стопанството, јавните високообразовни установи, другите установи и заводи и деловни субјекти во областа на стопанството, нерегистрирани (според Законот за научно-истражувачката дејност) за истражувачко-развојна дејност.

Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата функција и дека на корисниците ќе им даде доволно детални статистички информации од областа на научната и истражувачко-развојната дејност.


           
Датум на издавање: 09.4.2015
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.64MB
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 123
ISBN: 978-608-227-170-5
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика