Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Научна и истражувачко-развојна дејност, 2014

 


Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци од областа на научната и
истражувачко-развојната дејност во Република Македонија за 2014 година.
Ова истражување Државниот завод за статистика го спроведува секоја година. Од 1998 година (податоци
за 1997 година), методологијата за ова истражување е променета и е приспособена кон меѓународните
дефиниции и стандарди, во согласност со упатството Frascati.
Промените што се извршени во истражувањето беа неопходни заради усогласувањето со методологијата
на OECD - упатството Frascati, а со цел да се обезбедат податоци со поголема меѓународна споредливост.
Податоците се прикажани на ниво на државата, врз основа на добиените извештаи од јавните научни
установи, истражувачките единици во деловните субјекти во областа на стопанството, јавните високообразовни
установи, другите установи и заводи и деловни субјекти во областа на стопанството, нерегистрирани (според
Законот за научно-истражувачката дејност) за истражувачко-развојна дејност.


           
Датум на издавање: 25.12.2015
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.12Mb
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 137
ISBN: 978-608-227-213-9
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика