Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Основни и средни училишта на крајот на учебна година, 2008/2009

 


Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци за воспитно-образовниот процес во основното и во средното образование што се добиени од редовните годишни статистички истражувања спроведени на крајот на учебната 2008/2009 година во сите основни и средни училишта.

Публикацијата содржи податоци за бројот на основните училишта (редовни, специјални, за возрасни и за основните уметнички училишта), нивната работа во смени, паралелки, ученици по пол и според припадноста кон етничка заедница, ученици според постигнатиот успех, ученици кои завршиле училиште, како и податоци за кујни и библиотеки во училиштата. Освен тоа, презентирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, припадноста кон етничка заедница, степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници.

Кај средните училишта (редовни и специјални), покрај бројот на училиштата, се презентираат и податоци за паралелките, учениците по пол и според припадноста кон етничка заедница, струката, успехот, како и податоци за завршените ученици според времетраењето на образовните програми, податоци за наставниците според видот на работниот однос, припадноста кон етничка заедница, како и податоци за стручните работници.

Публикацијата содржи и податоци за воспитно-образовниот процес во основното и во средното образование што се изведува на албански, турски и српски јазик.


           
Датум на издавање: 08.07.2010
PDF:   Преземи ја публикацијата 629 Kb
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 66
ISBN: 978-9989-197-91-8
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 540 денари


 

 

 

 


© Државен завод за статистика