Основни и средни училишта на крајот на учебната година,
2013/2014
Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци за воспитно-образовниот процес во основното и во средното образование што се добиени од редовните годишни статистички истражувања спроведени на крајот на учебната 2013/2014 година во сите основни и средни училишта. Публикацијата содржи податоци за бројот на основните училишта (редовни, специјални, за возрасни и за основните уметнички училишта), нивната работа во смени, паралелки, ученици по пол и според припадноста кон етничка заедница, ученици според постигнатиот успех, ученици кои завршиле училиште, како и податоци за кујни и библиотеки во училиштата. Освен тоа, презентирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, националноста, степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници. Кај средните училишта (редовни и специјални), покрај бројот на училиштата, се презентираат и податоци за паралелките, учениците по пол и според припадноста кон етничка заедница, струката, успехот, како и податоци за завршените ученици според времетраењето на образовните програми, податоци за наставниците според видот на работниот однос, националната припадност, како и податоци за стручните работници. Публикацијата содржи и податоци за воспитно-образовниот процес во основното и во средното образование што се изведува на албански, турски и српски јазик.
Датум на издавање: |
24.06.2015 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
674Kb
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
65 |
ISBN: |
978-608-227-183-5 |
ISSN: |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|