Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Основни и средни училишта на почеток на учебна година, 2010/2011

 


Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци за воспитно-образовниот процес во основното и во средното образование што се добиени од редовните годишни статистички истражувања спроведени на почетокот на учебната 2010/2011 година, во сите основни и средни училишта.

Публикацијата содржи податоци за бројот на основните училишта (редовни, специјални, основни за возрасни и основни уметнички училишта), паралелки, запишани ученици по пол, по одделенија, по општини, ученици според учењето на странскиот јазик (прв и втор задолжителен и факултативен), ученици на кои им е обезбеден бесплатен превоз, сместување во дом и во приватни семејства. Исто така, презентирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, возраста, фондот на часови и степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници.

Според измените во Законот за основно образование (“Сл. весник на Република Македонија” број 51/2007), од учебната 2007/2008 година основното образование во Република Македонија трае 9 години (деветолетка) и е задолжително за сите деца од 6-годишна возраст.

Кај средните училишта (редовни, специјални, верски), покрај бројот на училиштата, се обезбедуваат податоци и за паралелките, учениците по пол, по струка, по времетраење на образовните програми и по општини, ученици според возраста и годината на учење, според учењето странски јазик (прв и втор задолжителен и факултативен). Исто така, презентирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, возраста, фондот на часови и степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници.


           
Датум на издавање: 18.7.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата 729KB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 52
ISBN: 978-608-227-032-6
ISSN: 0580-454X
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 430 денари


 

 

 

 


© Државен завод за статистика