Основни и средни училишта на почетокот на учебната година,
2011/2012
Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци за воспитно-образовниот процес во основното и во средното образование што се добиени од редовните годишни статистички истражувања спроведени на почетокот на учебната 2011/2012 година, во сите основни и средни училишта.
Публикацијата содржи податоци за бројот на основните училишта (редовни, специјални, основни за возрасни и основни уметнички училишта), паралелки, запишани ученици по пол, по одделенија, по општини, ученици според учењето на странскиот јазик (прв и втор задолжителен и факултативен), ученици на кои им е обезбеден бесплатен превоз, сместување во дом и во приватни семејства. Исто така, презентирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, возраста, фондот на часови и степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници.
Според измените во Законот за основно образование (“Сл. весник на Република Македонија” број 51/2007), од учебната 2007/2008 година основното образование во Република Македонија трае 9 години (деветолетка) и е задолжително за сите деца од 6-годишна возраст.
Кај средните училишта (редовни, специјални, верски), покрај бројот на училиштата, се обезбедуваат податоци и за паралелките, учениците по пол, по струка, по времетраење на образовните програми и по општини, ученици според возраста и годината на учење, според учењето странски јазик (прв и втор задолжителен и факултативен). Исто така, презeнтирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, возраста, фондот на часови и степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници.
Државниот завод за статистика се надева дека публикацијата ќе ја исполни својата основна улога и на корисниците ќе им овозможи користење на бројни податоци за понатамошни анализи и планирања.
Евентуалните забелешки и сугестии за подобрување на изданието ќе ги примиме со благодарност.
|
Датум на издавање: |
26.6.2012 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
767KB
|
|
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
51 |
|
ISBN: |
978-608-227-075-3 |
|
ISSN: |
1409-8997 |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|