Основни и средни училишта на почетокот на учебната година,
2013/2014
Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци за воспитно-образовниот процес во основното и во средното образование што се добиени од редовните годишни статистички истражувања спроведени на почетокот на учебната 2013/2014 година, во сите основни и средни училишта. Публикацијата содржи податоци за бројот на основните училишта (редовни, специјални, основни за возрасни и основни уметнички училишта), паралелки, запишани ученици по пол, по одделенија, по општини, ученици според учењето на странскиот јазик (прв и втор задолжителен и факултативен), ученици на кои им е обезбеден бесплатен превоз, сместување во дом и во приватни семејства. Исто така, презентирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, возраста, фондот на часови и степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници. Според измените во Законот за основно образование (“Сл. весник на Република Македонија” број 51/2007), од учебната 2007/2008 година основното образование во Република Македонија трае 9 години (деветолетка) и е задолжително за сите деца од 6-годишна возраст. Кај средните училишта (редовни, специјални, верски), покрај бројот на училиштата, се обезбедуваат податоци и за паралелките, учениците по пол, по струка, по времетраење на образовните програми и по општини, ученици според возраста и годината на учење, според учењето странски јазик (прв и втор задолжителен и факултативен). Исто така, презeнтирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, возраста, фондот на часови и степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници.
|
Датум на издавање: |
13.6.2014 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
2,24 Mb
|
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
52 |
|
ISBN: |
978-608-227-144-6 |
|
ISSN: |
|
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|