Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Сторители на кривични дела, 2015

 


Во оваа публикација се презентирани статистички податоци за пријавени, обвинети и осудени полнолетни лица и деца - сторители на кривични дела за 2015 година, а дадени се и споредливи податоци за периодот 2006-2015 година.

Овие податоци се резултат на редовните годишни статистички истражувања и обезбедуваат информации за сторителите на кривични дела во сите фази на постапката, почнувајќи од поднесувањето на пријавата, до право- силноста на пресудата.

При дефинирањето на содржината на прикажаните податоци водевме сметка за потребите на корисниците, особено на државните органи и научно - истражувачките институции кои се занимаваат со проучување на појавите на криминалитет.

Се надеваме дека публикацијата ќе наиде на добар прием кај сите корисници.

Забелешките и предлозите за подобрување на содржината на изданието, Државниот завод за статистика ќе ги прими со благодарност.

18.01.2017
Во статистичкиот преглед „Сторители на кривични дела“ - 2.4.16.08 извршена е корекција во табела 24, на страница 106.


           
Датум на издавање: 11.7.2016
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.79MB
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 134
ISBN: 978-608-227-235-1
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика