Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Бруто-домашен производ, 2008

 


Овој Статистички преглед е редовно годишно издание на Секторот за национални сметки од 2000 година.Тој содржи голем број табели со податоци класифицирани по дејности, во согласност со Националната класификација на дејностите, по институционални сектори, и според големината на деловните субјекти, како и податоци за расходните компоненти на бруто-домашниот производ по тековни и по постојани цени.

Табелите се обележани со соодветна ознака и се поделени во пет тематски делови: Серија М - Макроекономски табели во кои се презентирани макроекономски податоци; Серија П - Производство на стоки и на услуги, која содржи податоци за БДП пресметан според производниот метод; Серија У - Употреба на стоки и на услуги во која се прикажани податоци за трошочните компоненти на БДП пресметан според расходниот метод; Серија С - Волуменски индекси и имплицитни дефлатори, која содржи податоци за БДП пресметан по постојани цени; Серија Е - Постигнување на сеопфатност на БДП, во која се презентирани податоци кои се однесуваат на учеството на неопфатената (сива) економија во БДП.

Во оваа публикација, во најголем број од табелите се презентирани податоци за бруто-домашниот производ за 2008 година.


           
Датум на издавање: 26.05.2010
PDF:   Преземи ја публикацијата 711KB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 79
ISBN: 978-9989-197-92-5
ISSN: 1409-7036
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 960 денари


 

 

 

 


© Државен завод за статистика