Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Бруто-домашен производ, 2013

 


Овој Статистички преглед е редовно годишно издание на Секторот за национални сметки.
Податоците во оваа публикација се дадени за серијата 2011-2013 година. Покрај податоците за бруто-
домашниот производ, содржината е збогатена со табели во кои се прикажуваат податоци за инвестициите
во основни средства.
Државниот завод за статистика, со цел да обезбеди споредливост на податоците од областа на
националните сметки и декларирајќи ја хармонизацијата како најголем приоритет, направи ревизија на
податоците за националните сметки за временската серија 2000-2012 година.
Основните причини за ревизијата на податоците произлегоа од потребата да се објават конзистентни
годишни податоци за серијата 2000-2012 кои ќе ги вклучат сите методолошки подобрувања од аспект на
методите на пресметки и поквалитетните извори на податоци кои главно се расположливи во последниот
период од наведената временска рамка, како и подготвувањето на податоците во согласност со новата
Методологија ЕСС 2010 (Европски систем на сметки 2010), и со методологијата СНС 2008 (Систем на
национални сметки 2008).
Ревидираните податоци се објавени во Статистичкиот преглед: Бруто-домашен производ, 2000-
2012, ревидирани податоци, едиција Национална економија и финансии, под број 3.4.14.04/793.
Податоците за 2013 година се конзистентни со податоците за серијата 2000-2012.
Би сакале да напоменеме дека подетални податоци за основните категории на БДП, вклучувајќи
ги и инвестициите во основни средства, се наоѓаат во МакСтат базата на податоци на веб-страницата на
Државниот завод за статистика (www.stat.gov.mk).


           
Датум на издавање: 30.10.2015
PDF:   Преземи ја публикацијата 600 Kb
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 58
ISBN: 978-608-227-204-7
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика