Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Табели за понудата и употребата на стоки и на услуги, 2006

 


Табелите за понудата и употребата на стоки и на услуги и инпут-оутпут табелите се составен дел на ревидираниот Европски систем на сметки (ЕСА 1995) и се користат како за статистички, така и за аналитички цели.

Државниот завод за статистика, следејќи ја потребата за хармонизирање со европскиот статистички систем, во 2004 година пристапи кон експериментално составување на табели за понуда и употреба на стоки и на услуги за 2000 година, врз основа на методолошките концепти, дефиниции и класификации кои се препорачуваат во “Прирачникот за input-output табели” на ЕУРОСТАТ. Табелите беа публикувани во 2006 година, во едицијата ”Класификации, методологии, номенклатури и стандарди”, под број 3.8.6.01 и 3.8.6.02.

Во 2008 година беа публикувани табелите за понуда и употреба за 2005 година во Статистички преглед кој ќе стане редовно годишно издание на Секторот за национални сметки.

Во овој број на Статистичкиот преглед се презентирани табелите за понудата и употребата на стоки и на услуги во Република Македонија за 2006 година, по тековни цени.

За составување на табелите се користени сите расположливи податоци од статистичките истражувања кои ги спроведува Државниот завод за статистика и од административни извори.


           
Датум на издавање: 09.06.2009
PDF:   Преземи ја публикацијата 2.19MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 35
ISBN: 978-9989-197-51-2
ISSN: 1409-7036
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 270 денари


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
  Табели на понуда и на употреба, 2013 (ПУ)
 


© Државен завод за статистика