Табели за понудата и употребата на стоки и на услуги,
2011
Табелите за понудата и употребата на стоки и на услуги и input-output табелите се составен дел на ревидираниот Европски систем на сметки (ESA 1995) и се користат како за статистички, така и за аналитички цели. Државниот завод за статистика, следејќи ја потребата за хармонизирање со европскиот статистички систем, во 2004 година пристапи кон експериментално составување на табели за понуда и употреба на стоки и на услуги за 2000 година, врз основа на методолошките концепти, дефиниции и класификации кои се препорачуваат во „Прирачникот за input-output табели“ на ЕВРОСТАТ. Табелите беа публикувани во 2006 година, во едицијата „Класификации, методологии, номенклатури и стандарди“, под броевите 3.8.6.01 и 3.8.6.02. Во 2008 година беа публикувани табелите за понуда и употреба за 2005 година во Статистички преглед кој стана редовно годишно издание на Секторот за национални сметки. Во овој број на Статистичкиот преглед се презентирани табелите за понудата и употребата на стоки и на услуги во Република Македонија за 2011 година, по тековни цени. За составување на табелите се користени сите расположливи податоци од статистичките истражувања кои ги спроведува Државниот завод за статистика и од административни извори. Треба да се истакне дека базата на расположливи податоци многу влијае на квалитетот на резултирачките табели и со самото подобрување и збогатување на таа база соодветно ќе се развиваат и усовршуваат и табелите за понудата и употребата.
Датум на издавање: |
30.05.2014 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.85Mb
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
51 |
ISBN: |
978-608-227-136-1 |
ISSN: |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика