Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Одржлив развој, 2015

 


Спроведувањето на мерките и активностите за одржлив развој како единствен мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината и како концепт за кој се определила Република Македонија, преку збогатен и ажуриран збир на расположливи статистички индикатори, е прикажано во најновото издание на публикацијата на Државниот завод за статистика, „Одржлив развој“.

Индикаторите што ги одразуваат трендовите во социоекономскиот развој, одржливиот модел на потрошувачката и производството, социјалната вклученост, демографските промени, јавното здравство, климатските промени и енергијата, природните ресурси, одржливиот транспорт, како и трендовите во глобалното партнерство и доброто управување се дефинирани во согласност со Европската стратегија за одржлив развој и се пресметани според методологија усогласена со онаа на Европската унија. Токму затоа, тие се споредливи со индикаторите за одржлив развој во европските држави и пошироко и се добра платформа за следење на приоритетите во националната политика за одржлив развој.

Државниот завод за статистика во оваа публикација дава свој придонес во подготовките за одговор на предизвиците за одржлив развој во Република Македонија и останува и понатаму отворен за сите предлози, сугестии и конструктивни забелешки на корисниците коишто се во насока на подобрување и унапредување на неговата работа.


           
Датум на издавање: 10.07.2015
PDF:   Преземи ја публикацијата 6.97MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 191
ISBN: 978-608-227-187-3
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика