Одржлив развој,
2016
Спроведувањето на мерките и активностите за одржлив развој како единствен мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината и како концепт за кој се определила Република Македонија, преку збогатен и ажуриран збир на расположливи статистички индикатори, е прикажано во најновото издание на публикацијата на Државниот завод за статистика, „Одржлив развој“. Индикаторите што ги одразуваат трендовите во социоекономскиот развој, одржливиот модел на потрошувачката и производството, социјалната вклученост, демографските промени, јавното здравство, климатските промени и енергијата, природните ресурси, одржливиот транспорт, како и трендовите во глобалното партнерство и доброто управување се дефинирани во согласност со Европската стратегија за одржлив развој и се пресметани според методологија усогласена со онаа на Европската унија. Токму затоа, тие се споредливи со индикаторите за одржлив развој во европските држави и пошироко и се добра платформа за следење на приоритетите во националната политика за одржлив развој.
Датум на издавање: |
13.07.2016 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
8Mb
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
195 |
ISBN: |
978-608-227-236-8 |
ISSN: |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика