Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Одржлив развој, 2000 - 2008

 


Овoj статистички преглед претставува прв обид во Република Македонија да се актуелизира концептот на одржлив развој во статистичка смисла на зборот.

Одржливиот развој претставува развој што овозможува задоволување на потребите на сегашните, без да се загрози можноста за задоволување на потребите на идните генерации. Тоа е предизвик со кој се соочува секој човек, земја, светот воопшто, со цел да се обезбеди континуиран напредок на квалитетот на животот и благосостојбата на земјата за сегашните и идните генерации, но и цел според која треба да се раководат сите преземени активности и политики.

Имајќи го предвид глобалното значењето на одржливиот развој, Државниот завод за статистика направи напори да ги пресмета и да ги обедини на едно место расположливите индикатори во статистичкиот систем на Република Македонија, а во функција на одржливиот развој. Станува збор за индикатори со повеќестран карактер кои ја одразуваат економската, социјалната, еколошката и, во извесна мера, институционалната димензија на одржливиот развој.

Концептот на изданието ја следи структурата на сетот на индикатори, дефиниран со Европската стратегија за одржлив развој. Индикаторите се пресметани врз основа на информациите со кои располага статистичкиот систем и методологијата усогласена со онаа на Европската унија. Притоа, индикаторите само го прикажуваат трендот на одредена појава, без да се прејудицира одржливост или не.


           
Датум на издавање: 16.06.2010
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.70MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 156
ISBN: 978-9989-197-83-3
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 500 денари


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика