Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Меѓународна споредба на бруто-домашниот производ, 2005

 


Во оваа публикација се презентираат податоци од Европската програма за споредба за циклусот на споредба 2005. Истовремено, во неа се презентирани методолошките и организациските принципи на овој вид на споредба.
Програмата за споредба е воспоставена како резултат на Препораките на Обединетите нации - Статистички оддел (UNSD) од 1965 година, а со цел да се конструира меѓународно споредлива валута со курс кој ќе го изразува односот меѓу куповната моќ на националните валути и ќе овозможи меѓународно споредливи податоци за бруто-домашниот производ.
Оваа Програма започна во 1968 година како Меѓународна програма за споредба (ICP), поддржана од Светската банка.
Република Македонија е вклучена во Програмата од 1996 година.
Во оваа публикација се презентирани следните содржини: Методолошки објаснувања на компонентите на бруто-домашниот производ според расходниот метод, по тековни цени, методолошки објаснувања за податоците според паритетот на куповната моќ и табеларен дел.
Периодиката на излегување на ваквата публикација е поврзана со фазите на верификација на податоците од страна на сите земји-учеснички во Програмата и во зависност од периодиката на нивното објавување од страна на ОЕЦД и Еуростат.


           
Датум на издавање: 01.6.2008
PDF:   Преземи ја публикацијата 227KB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 35
ISBN: 978-9989-197-21-5
ISSN: 1409-7036
Јазик: македонски


                                    


Цена во печатена форма: 450 денари


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика