Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2011

 


Во статистичкиот преглед „Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2011“ се презентирани и систематизирани податоците за површините по категории на користење, површините и производството на житни, индустриски, градинарски и фуражни растенија, бројот на овошни стебла и пенушки винова лоза и производството на овошје и грозје во 2011 година, како и податоци за период од повеќе години.

Податоците по општини се дадени во согласност со територијалната организација усвоена со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија.

Заради полесно користење на податоците, во прегледот се дадени и одредени методолошки објаснувања за начинот на прибирање и карактеристиките на одделни категории земјиште.

Државниот завод за статистика се надева дека Статистичкиот преглед ќе ја исполни својата основна улога, на јавноста и на корисниците да им ги презентира основните податоци од областа на полјоделството, овоштарството и лозарството за определена состојба, а евентуалните забелешки и сугестии за подобрување на изданието ќе ги прими со благодарност.


           
Датум на издавање: 20.4.2012
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.45MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 61
ISBN: 978-608-227-066-1
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика