Полјоделство, овоштарство и лозарство,
2016
Во статистичкиот преглед "Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2016" се систематизирани и презентирани податоците за површините по категории на користење, површините и производството на житни, индустриски, градинарски и фуражни растенија, бројот на овошни стебла и пенушки винова лоза и производството на овошје и грозје во 2016 година, како и податоци за период од повеќе години.
Податоците по општини се дадени во согласност со територијалната организација усвоена со Законот за територијална организација на локалната самоуправа на Република Македонија.
Заради полесно користење на податоците, во прегледот се дадени и одредени методолошки објаснувања за начинот на прибирање и карактеристиките на одделни категории земјиште.
Државниот завод за статистика се надева дека Статистичкиот преглед ќе ја исполни својата основна улога, на јавноста и на корисниците да им ги презентира основните податоци од областа на полјоделството, овоштарството и лозарството за определена состојба, а евентуалните забелешки и сугестии за подобрување на изданието ќе ги прими со благодарност.
|
Датум на издавање: |
09.5.2017 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.86MB
|
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
61 |
|
ISBN: |
978-608-227-261-0 |
|
ISSN: |
1857-520X |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика