Попис на земјоделството, 2007: Книга I: Основни статистички податоци за индивидуалните земјоделски стопанства и за деловните субјекти во Република Македонија, по региони,
2007
Државниот завод за статистика на Република Македонија, во периодот од 1 до 15 јуни 2007 година, го спроведе Пописот на земјоделството во Република Македонија кој, како посебна статистичка операција, се спроведе за првпат по околу 40 години.
Критичен момент во овој Попис беше состојбата на 31 мај 2007 година, а за одредени прашања податоците се однесуваа за период од една година пред Пописот, односно од 1 јуни 2006 до 31 мај 2007 година.
Пописот беше спроведен врз основа на Законот за Попис на земјоделството во Република Македонија, 2007 (“Службен весник на Република Македонија” бр.39/06 и 113/06).
Методологијата, дефинициите и стандардите во овој Попис се во согласност со статистичката пракса во Република Македонија, како и со препораките на Статистичката служба на Европската унија - EUROSTAT и Светската организација за храна и земјоделство - FAO.
Првите резултати од Пописот на земјоделството, 2007 Државниот завод за статистика ги објави на 16.07.2007 година.
Книга I, во која се презентирани дефинитивните резултати од Пописот на земјоделството, 2007, содржи 27 табели со податоци за земјоделството во Република Македонија, според поголем број белези опфатени со Пописот. Податоците се прикажани на национално ниво и на ниво на региони според Номенклатурата на територијалните единици за статистика, НТЕС, од 2001 година, посебно за двата сектора - индивидуалните земјоделски стопанства и деловните субјекти. Бидејќи во втората половина на 2007 година беше усвоена новата ревидирана верзија на НТЕС, дополнително ќе бидат објавени податоци за регионите според најновата НТЕС.
Се надеваме дека со публикувањето на едицијата Попис на земјоделството, 2007, корисниците на статистички податоци ќе може да ги добијат најголем дел од потребните податоци. Секако, за сите дополнителни потреби за податоци од Пописот што не се содржани во оваа едиција, Државниот завод за статистика ќе овозможи пристап преку други форми на дисеминација, во согласност со Политиката на дисеминација на Пописот на земјоделството.
|
Датум на издавање: |
25.12.2007 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
2.97MB
|
|
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
46 |
|
ISBN: |
978-9989-197-01-7 |
|
ISSN: |
|
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
500 денари
|