Попис на продажните капацитети во трговијата на мало,
2008
Во оваа публикација се прикажани податоците од Пописот на продажните капацитети во трговијата на мало во Република Македонија, спроведен од 1 до 15 ноември 2008, со критичен момент на 30 септември 2008 година. Пописот е спроведен во согласност со Законот за државната статистика (“Службен весник на Република Македонија” бр.54/97 и 21/2007 и Програмата за статистички истражувања за периодот 2008-2012 бр.19-31/1 (“Службен весник на Република Македонија” бр.11/ 08). Целта на Пописот беше да се обезбедат податоци за бројот и територијалната разместеност на продажните капацитети во Република Македонија, потоа бројот на продавниците по тип на продавница, по трговска дејност, големината на продажниот простор и прирачниот магацин, како и бројната состојба на работниците кои се непосредно вклучени во трговијата на мало. Податоците во оваа публикација се прикажани на ниво на Републиката и се споредливи со податоците од претходните пописи. На територијата на Република Македонија се спроведени неколку истражувања за продажните капацитети во трговијата во следните години:1976, 1978, 1980, 1982, 1984, 1986, 1989, и пописи во 1996, 2003 и 2008. По осамостојувањето на нашата земја, спроведените пописи во 1996, 2003 и 2008 година се хармонизирани со регулативите на Еуростат во однос на содржината и периодиката.
|
Датум на издавање: |
15.7.2009 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
|
|
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
42 |
|
ISBN: |
978-9989-197-64-2 |
|
ISSN: |
1857-5196 |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика